Втора победа по ред за Квартараро, ја прослави во стилот на – Кристијано Роналдо! (ВИДЕО)

Една од најтешките патеки во сезоната, грбот на Портимао ни донесе супер интересна трка. Стартот од пол позицијата кое го обезбеди со вчерашниот најбрз круг, откако беше дисквалификуван најбрзиот круг на Пеко Бањаја, воедно и рекордот на патеката, му донесе и победа на Фабио Квартараро, кој прослави во стилот на сонародникот и еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо.

Иако не стартуваше најдобро возачот на Јамаха, стандардно,  возачите на Сузики како по обичај имаа супер старт, заедно со Зарко на Дукати, кој го презеде водството на стартот. Јамахата на Кватрараро како супериорна од 5-то место напредуваше ги престигна сите пред него и заедно со Алекс Ринс на Сузуки се одделија од другите во борбата за првата позиција.

Алекс Ринс некако не го издржа темпото и се излизга некаде на пола трка со што му го отвори патот на Кватрарато кон победа кој во тоа време имаше 4 секунди предност пред останатите возачи и ја задржи предноста до крај на трката.

Втор заврши Пако Бањаја на Дукати, кој по не признатиот најбрз круг од вчерашните квалификации стартуваше 11-ти, но по неколкуте падови на едни од водечките тркачи, пред се на Алекс Ринс на Сузуки и Жоан Зарко на Прамак Дукати, успеа да го донесе своето Дукати до 2-рото место. На трето место заврши Жоан Мир, одбранувајќи се од Франко Морбидели на Петронас Јамаха.

Марк Маркез добро тргна на првите свиоци после самиот старт но не издржа да се држи со формата на останатите возачи и трката ја заврши на 7мо место. Валентино повторно имаше очајно издание и не ја заврши трката исто како и домашниот возач кој лани победи на истата патека, Мигел Оливиера.

Интересно е да се напомене дека на првите 7 места имавме 6 различни произведувачи на мотори. Следната трка ќе се одржи во Херез, Шпанија на 1 и 2 мај.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .