Време е за повик во репрезентацијата: Гол на Митревски за голема победа на Алашкерт (ВИДЕО)

Долгогодишниот македонски интернационалец Ристо Митревски постигна ептен важен гол за својот Алакшерт во победата од 1-3 на гостувањето кај Арарат.

Арарат е лидер на табелата во ерменското првенство, а со голот на одличниот дефанзивец, Алакшерт се доближи на минус 5 од лидерот и се наоѓа на третата позиција на табелата, додека Ширак е втор со два бода повеќе од Алакшерт.

Популарниот Рики одлично се снајде во шеснаесетникот на домаќините по изведениот корнер пред самиот крај на првото полувреме.

Со новата одлична партија, Митревски повторно му се препорача на селекторот Игор Ангеловски. Дефанзивецот дефинитивно е зрел за репрезентативен повик и би бил од огромно значење за репрезентацијата во важниот натпревар против Косово.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.