Вратени се старите дресови, блесна македонското сонце во Букурешт! (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација ја направи традиционалната групна фотографија пред стартот на Европското првенство, кое за нас официјално почнува во недела.

Нашите „рисови“ позираа во старите дресови и најавија дека Македонија дефинитивно ќе играат токму со нив на дебитанското ЕУРО 2020.

Селекторот, Игор Ангеловски и неговите момци во првото коло ќе се сретнат со Австрија, на 17. овој месец ги чека мечот со Украина, додека четири дена подоцна ќе играат против Холандија во Амстердам.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .