Во „00“ тие стануваат СЛОБОДНИ: Кој ќе ги ангажира Меси, Рамос, Боатенг, Мата?

Кога часовникот ќе отчука полноќ, Лионел Меси ќе стане слободен фудбалер. „Љубовната врска“ која трае со Барселона полни 20 години ќе се прекине привремено, бидејќи во фокусот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња е трофејот на Копа Америка со Аргентина.

За аргентинскиот маестро веќе е познато – останува на „Камп ноу“ и кога ќе заврши со репрезентативните обврски ќе го потпише новиот договор. Така ни останува да видиме на кои други познати фудбалери им истекува договорот.

Секако дека во прв план е еден од најдобрите дефанзивци Серхио Рамос кој после недоразбирањата со Реал Мадрид си заминува од клубот по 16 години, а во прв план за негов ангажман е француски ПСЖ, но и Челси кој наводно испратил понуда.

Договорот со Јувентус му истекува на уште еден легендарен дефанзивец, Џорџо Киелини кој ќе го продолжи договорот со „старата дама“, а во иста ситуација на Апенините се и фудбалерите на Наполи, Елсеид Хисај и Никола Максимовиќ.

Ќе има превирања и во Премиер лигата. Давид Луиз си заминува од Арсенал, Хуан Мата од Манчестер јунајтед, Вест хем нема да го задржи дефанзивецот Фабијан Балбуена, како Саутемптон кој се откажа од бекот Рајан Бертран.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.