Во Вардар направени тестови – познато дали има други заболени!

Ракометниот клуб Вардар потврди дека има нов заболен играч од корона – вирус, а според неофицијални инфоримации станува збор за македонски ракометар.

Токму затоа повторно цел тим на Вардар бил подлегнат на нови тестирања. Тестовите покажале дека нема ниту еден друг позитивен и дека цел тим освен ракометарот кој се наоѓа во изолација се негативни.

„Вардар 1961 денеска направи дополнително тестирање за Ковид-19 на сите ракометари и стручниот штаб и сите имаат негативен резултат“, соопштија од Вардар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .