Војниците на Гатузо ја спуштија на земја „Божицата на провинцијата“! (ВИДЕО)

Наполи и го упрописти перфектниот старт на Аталанта на стартот од италијанската Серија А, откако на домашен терен на „Сан Паоло“ победи со убедливи 4-1!

За клубот од Бергамо ова е првиот пораз сезонава по трите победи во низа. Избраниците на Џенаро Гатузо во првиот дел постигнаа четири погодоци преку Лозано кој постигна два, а во листата на стрелците се запишаа и Политано, но и новото засилување Осимхен.

Почесниот погодок за „Божицата на провинцијата“ го постигна Сем Ламерс во 69. Минута. Интересно, на после проблемите со депресијата денеска во составот на Гасперини се најде словенечкиот напаѓач Јосип Иличиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .