„Вотката ми беше најдобар пријател во Мадрид“

Поранешниот легендарен холандски репрезентативец Весли Снајдер во својата автобиографија призна дека не се однесувал баш професионално додека го носел дресот на Реал од Мадрид.

„Бев млад и сакав да бидам во центарот на вниманието. Но, работите не отидоа во добар смер. Немаше дрога, но алкохол… Се навикнав да живеам како ѕвезда. Кога сте играч на Реал сте како некое божество, шетавме низ улиците и на луѓето им дававме пари. Останав сам после разводот со сопругата и малку ја гледав Џеси (ќерка му). Флашата вотка ми стана најголем пријател. Се будев наутро, мислев дека се ќе биде во ред и дека никој нема да сфати што правам и дека никој нема да ме примети, но скапо ги платив грешките“, изјави Снајдер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .