„Волку за мене, волку за мама и тато, а волку за Захави“: Како Алаба го „СОГОЛИ“ Флорентино Перез

Германскиот „Spigl“ познат по информациите околу финансиските детали во фудбалот кој се проби со скандалот „FootballLeaks“ ги објави бројките околу договорот на Давид Алаба, кој одлучи како слободен играч да ги замени Баерн и Минхен со Реал и Мадрид.

Верувале или не, австрискиот репрезентативец ќе заработи дури 126.500.000 евра за пет години, а во оваа сума не сме пресметани бонусите!

Имено, за платата само „кралевите“ ќе издвојат 97.250.000 евра, додека само за потписот Алаба веќе заработил 17.700.000 евра, но тоа не е се. За неговиот менаџер, контроверзниот Израелец Пини Захави мадридскиот великан исплатил 5.200.000 евра за провизија, а одлично поминале и родителите на Австриецот кои инкасирале 6.300.000 евра.

Неверојатно…

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.