„Влегов во соба со еден прозор, а внатре ме чекаа двајца вооружени Срби“

Поранешниот бразилски фудбалер со италијански пасош Илан Араухо се потсети на една непријатна епизода од својата кариера. Поранешниот 39- годишен напаѓач во кариерата играше за Сао Пауло, Атлетико Параненсе, Сошо, Сент Етијен, Вест Хем, Интернационал, Ајачо и Бастија.

Тој за француските медиуми ја раскажа драматичната ситуација кога бил условен да потпише договор со Ајачо.

„По кратките ангажмани во Вест Хем и Интернационал, летото 2011. година дојдов во Ајачо на договорениот потпис на договорот. Но, цела недела не се случуваше ништо, а тогаш конечно се сретнав со претседателот на клубот Ален Орсони. Влегов во неговиот блиндиран БМВ и иако беше договорено да одиме на ручек, приметив дека се качуваме на некоја планина. Кога се паркиравме една жена не пречека и не внесе во една соба без прозори. Бевме четворица во собата со еден прозор, а на вратата стоеа двајца вооружени Срби. Тогаш го потпишав договорот“, кажа Илан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .