Властите во Хаг во паника: Доаѓаат три фракции на „Гробари“, но најмногу стравуваат од навивачите на Ден Хаг

Српскиот гигант Партизан вечерва гостува кај АЗ Алкмар во Лига Европа, а овој натпревар може да биде клучен околу тоа дали „црно-белите“ ќе се пласираат во следната фаза од второто по квалитет европско натпреварување.

Властите во Хаг се загрижени поради доаѓањето на „Гробари“ кои во моментов се поделени на три фракции (Гробари Југ, Партизановци, Забрањени) и токму поради тоа одлучија да го намалат контигентот влезници за гостите (од 700 на 500).

Холанѓаните се сомневаат дека српските навивачи успеале да дојдат до далеку поголем број на влезници, па се шпекулира дека на стадионот ќе има околу 2.500 „Гробари“. Сепак, локалната полиција најмногу стравува од навивачите на Ден Хаг.

Тие важат за најопасни хулигани во Холандија, а за ова доказ е тоа што се „збратимени“ со навивачите на Легија Варшава кој спаѓаат помеѓу најдобрите навивачи во светот во моментов. Навивачите на Ден Хаг се „смртни непријатели“ со фановите на АЗ Алкмар и поради тоа се очекува да бидат присутни на натпреварот.

Исто така кружат информации дека една од фракциите на „Гробари“ била во добри односи токму со хулиганите на Ден Хаг. Тоа значи дека на стадионот ќе има дури пет навивачки групи, а полицијата ќе има многу работа за да ја осигура безбедноста на гледачите.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .