Владее и на ЕВРО: Фантастичниот Де Брујне влезе на полувреме и ги реши Данците! (ВИДЕО)

Белгиските навивачи со право стравуваа за амбициите на својата репрезентација, откако во финалето на Лигата на шампионите Кевин де Брујне заработи повреда.

Сепак, правата ѕвезда на Манчестер сити во вистинско време се врати на ЕВРО 2020 и денеска беше најзаслужен за победата над Данска (2-1).

Данците први зададоа удар уште во втората минута кога преку Поулсен поведоа на 0-1 како што заврши првиот дел. Но, се се смени на почетокот на вториот дел кога Де Брујне влезе во игра.

Прво асистираше до Торган Азар кој израмни на 1-1, потоа доби асистенција од постариот, Еден Азар, а тоа на маестрален ничин Де Брујне го реализираше за втора победа на Белгија од исто толку натпревари.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.