Иако вчера Владата на Република Македонија, преку министерот за здравство Венко Филипче даде дозвола да се врати публиката на трибините, сепак на денешната седница одлуката беше сменета и спортските натпревари ќе продолжат да се одржуваат без присуство на публика.
„Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика“, велат од Владата.