Виљареал пресилен за Динамо: Адеми и Ристовски сопрени во четвртфиналето! (ВИДЕО)

Шпанскиот Виљареал беше преголем залак за хрватскиот гигант Динамо од Загреб. После неверојатната победа над Тотенхем, „модрите“ со Аријан Адеми и Стефан Ристовски во составот не успеаа да срушат уште еден голем клуб, а по победата во Загреб, „жолтата подморница“ славеше и на својот „Ел мадригал“ со 2-1.

Виљареал уште во првото полувреме ја заврши задачата преку Пако Алкасер и Џерард Морено, додека почесниот гол за гостите го постигна сезонава фантастичниот Мислав Орсиќ.

Шпанскиот тим во полуфиналето ќе се судри со Арсенал, кој вечерва полесно од очекувањата на гостувањето во Прага ја совлада Славија со убедливи 0-4. Головите за „топчиите“ ги постигнаа Пепе, Сака, додека Лаказет два пати се запиша во листата на стрелците.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .