Виљареал испиша историја: Јунајтед совладан на пенали, четврта титула за Емери во Лигата на Европа! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Виљареал вечерва стигнаа до најголемиот успех во историјата на клубот, откако на пенали во Гдањск го совладаа Манчестер јунајтед во финалето и така ја освоија Лигата на Европа 1-1 (11-10).

Каков успех е ова за „жолтата подморница“, доказ е што овој трофеј е прв за клубот од „Ел Мадригал“ воопшто. До него стигнаа по лудото изведување на пенали, во кое мораа да шутираат и двата голмани, а трагичар беше Де Геа кој беше единствениот што промаши пенал вечерва.

Клубот од „Олд трафорд“ беше подобар во воведниот дел од натпреварот, меѓутоа „жолтата подморница“ поведе со голот на Џерард Морено во 29. минута.

„Ѓаволите“ се вратија во вториот дел и израмнија преку Единсон Кавани на 1-1, резултат кој ќе се покаже како конечен по 120 минути игра, а среќата во пенал – рулетот беше на страната на шпанскиот тим.

Тренерот на Виљареал Унаи Емери е апсолутен рекордер во Лигата на Европа и за него ова е четврта титула во петото финале. Три освои со Севиља, додека еднаш беше поразен од Челси како тренер на Арсенал.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .