“Вистина е, ја греев клупата на Барса, ама заработив милиони за моите внуци!”

Алекс Сонг своевремено беше еден од најпосакуваните играчи за врска во фудбалска Европа, а како еден од најдобрите играчи во Арсенал, направи трансфер во Барселона во преодниот рок во кој Лука Модриќ се пресели во Реал Мадрид.

Во ситуација кога Хрватот од Тотенхем го избра „кралскиот клуб“, Сонг доби понуда која не се одбива од „Камп Ноу“ и направи милиониски трансфер, но уште подобра беше неговата плата за која вели дека му обезбедила гаранција за неколку поколенија.

Поранешниот репрезентативец на Камерун во Инстаграм разговорот со НБА ѕвездата Сиакам откри дека без размислување ја прифатил понудата на Барселона во 2012-та година, без оглед на тоа што уште во преговорите му било кажано дека ќе биде резервна опција во средниот ред.

“Кога Барселона ми понуди договор и видов колку многу ќе заработувам, не мислев двапати и воопшто не се двоумев. Почувствував дека моите деца, мојата сопруга и поколенијата треба да имаат добри животи кога ќе ставам крај на кариерата. На првата средба со спортскиот директор на Барселона ми беше кажано дека нема да играм многу, но тоа ништо не ми значеше, знаев дека ќе се претворам во милионер. Заработив милиони и воопшто не ми беше грижа што ја греев клупата на „Камп Ноу“,” – открива Сонг.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.