Вила е феноменална, Вила е хит на сезоната: Препородениот Баркли го сруши и Лестер во продолжението! (ВИДЕО)

Англискиот класик, Астон вила е најголемото изненадување во сезоната. Клубот од Бирмингем стигна до четвртата победа во првите четири кола за прв пат после 1930. година од славната историја, откако го совладаа Лестер на „Кинг пауер“ стадионот (0-1)!

Капитенот на Вила, новиот англиски репрезентативец Џек Грилиш повторно беше фантастичен, но победата ја донесе препородениот Рос Баркли кој откако дојде од Челси на позајмица игра во голема форма, а победата ја донесе со бомба во продолжението.

Евертон е прв на табелата со 13 бодови, додека Вила е втора со бод, но и натпревар помалку. На третата позиција е Ливерпул со 10, а големата четворка ја форма Лестер до девет бодови.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .