Веќе нема дилеми, Чеферин потврди: Реал Мадрид, Јувентус и Барселона жестоко ќе бидат казнети од УЕФА!

Европските гиганти, Реал од Мадрид, Јувентус и Барселона ќе бидат жестоко казнети, додека англиската „шесторка“, двата Манчестери, Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотенхем, миланските ривали Милан и Интер како и мадридски Атлетико ќе добијат поблаги санкции за обидот на формирање на Суперлигата, најави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Секој мора да ги сноси последиците од тоа што го направи и не можеме да се преправаме дека ништо не се случило. Не можете да направите такво нешто и едноставно да кажете: „Не казнуваат затоа што сите нас не мразат“. За мене постои јасна разлика помеѓу англиските клубови и останатите шест. Тие први признаа дека погрешија. По нив следат Интер, Атлетико и Милан кои исто така се покајаа, а потоа останаа три тимови кои веруваат дека Земјата е рамна и кои мислат дека Суперлигата уште постои. Тие мора да бидат одговорни. Не мислам на дисциплинска мерка, но мора да постои некој начин. Ќе видиме на кој начин ќе ги казниме“, најави Чеферин.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .