Веќе нема дилеми: Луис Енрике се врати на селекторската фукнција на Шпанија!

Челниците на шпанската Фудбалска федерација на денешната прес-конференција потврдија дека Луис Енрике ќе биде старо-новиот селектор на „црвената фурија“. Досегашниот селектор Роберто Морено се повлече од оваа функција.

„Сакам да ја потврдам информацијата дека Луис Енрике се враќа на селекторското место. Уште тогаш кога реши да си замине му кажавме дека вратата на репрезентацијата секогаш ќе му биде отворена. За неговата желба да се врати на селекторската функција дознавме од Роберто Морено, а тие двајца беа во константна комуникација. Луис е лидерот на овој проект“, изјави претседателот на ФСШ, Луис Рубалес.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .