Веќе нема дилеми: Кејн си заминува од Тотенхем!

Угледниот англиски „Sky Sports“ вечерва објави вистинска „бомба“. Хари Кејн, првата ѕвезда на Тотенхем и порачал на управата дека нема желба да остане и дека на лето ќе побара нова средина.

Одличниот англиски напаѓач сака да се бори за трофеи, но интересно што тој нема намера да си замине од Островот. Наводно, први фаворити за неговиот потпис се двата манчестерски клуба Јунајтед и Сити, но и лондонскиот ривал Челси, кој чека шанса од позадина.

Договорот на Кејн со Спарси истекува во 2024 година, а според последните информации, Спарси ќе бараат околу 120.000.000 за слободата на англискиот репрезентативец.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.