Спортска вест на годината! Тоа што се најавуваше мината сезона, кога Лионел Меси јавно кажа дека сака да си замине од „Камп ноу“ се случи година подоцна. Фудбалскиот клуб Барселона потврди, најголемиот играч во историјата на клубот Лионел Меси си замина од клубот!
LATEST NEWS | Leo #Messi will not continue with FC Barcelona
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2021
„И покрај постигнатиот договор помеѓу Барселона и Лионелм Меси и јасните намери на двете страни денес да го потпишат новиот договор, тоа не може да се случи поради финансиските и структурни препреки (прописите) на шпанската лига. Како резултат на оваа ситуација, Меси нема да остане во Барселона. Двете страни длабоко жалат што желбите на играчот и на клубот нема да се исплонат. Барселона од срце ја искажува благодарноста до Меси за доприносот и му посакува се најубаво во иднина на личен и професионален план“, сооптши Барса.