Верстапен прв во Монако, пехови за Ферари и Мерцедес

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го освои првото место во трката за Големата награда на Монако и така го превзеде водството во генералниот пласман.

Холанѓанецот максимално го искористи несреќниот ден на возачот на Ферари, Шарл Леклер кој требаше да започне од пол позицијата, меѓутоа поради квар не стартуваше воопшто.

Со пехови се соочија и во Мерцедес, кои имаа вистинска драма во пит – лејнот, каде што заврши трката за Валтери Ботас во 31. круг. Имено, механичарите не успеаа да ја заменат предната десна гума и за него тука беше крајот.

Како второпласиран заврши Саинс од Ферари, трет беше возачот на Мекларен Ландо Норис, па следеа Себастијан Фетел, Пјер Гасли, а Луис Хамилтон заврши како шести.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .