Вернер го одби Баерн за да потпише со Атлетико?

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер сезонава игра во голема форма, па така на 20 мечеви има постигнато 17 голови и запишано 9 асистенции. За Германецот минатото лето заинтересиран беше Баерн Минхен, сепак тој одби да се пресели во редовите на баварскиот гигант.

Во Лајпциг се свесни дека нема да можат да го задржат Вернер, а тренерот на второпласираниот тим во Бундеслигата веќе изјави дека ако напаѓачот изрази желба да си замине, клубот нема да му прави проблеми.

Шпанските медиуми пишуваат дека управата на Атлетико Мадрид веќе изразила желба да го анжаира Вернер и дека за него планираат да понудат 60 милиони евра. Се уште не е познато дали трансферот би се реализирал во зимскиот преоден рок или следното лето.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .