Венгер: Тандемот Видиќ и Фердинанд беа фудбалските Моцарт и Бетовен!

Арсен Венгер има многу поминато во светот на фудбалот пред се како менаџер и тоа најмногу во премиерлигашот Арсенал.

‘Во таа негова етапа Венгер имаше можност да се соочи со многу квалитетни тимови, да создаде ривалства со повеќе менаџери од кои се издвојува она со сер Алекс Фергусон кој го предводеше Манчестер Јунајтед. Французинот правеше се за да биде поуспешен од „црвените ѓаволи“, меѓутоа понекогаш беше немоќен да состави тим кој ќе може да го преземе врвот особено кога Јунајтед за стоперски тандем ги имаше големите борци Немања Видиќ и Рио Фердинанд.’

‘Не знам како добро да објаснам добро, ама таа соработкана теренот меѓу  Видиќ и Фердинанд беше како да ги имате Моцарт и Бетовен. Многупати сме биле ривали и секогаш било тешко. Алекс Фергусон беше среќен што има такви стопери. Доколку Видиќ и Фердинанд беа денеска во одбрана, Манчестер Јунајтед ќе беше најсилниот клуб во светот, порача Венгер.

Додека Видиќ и Рио играа заедно, Јунајтед освои пет трофеи во ПЛ, славеше во ЛШ и освои уште неколку купови.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.