Венгер не го ни спомена Мурињо во својата книга: Португалецот веднаш го испровоцира!

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер ја објави книгата за времето поминато како тренер на „топчиите“.

Интересно, Французинот имаше неколку епски дуели против Челси каде тогаш тренер беше Жозе Мурињо, но и покрај тоа, Венгер се одлучи воопшто да не го спомене Португалецот во своето издание.

„Затоа што…Никогаш не ме победил. Сигурно нема да пишувате поглавје како сте одиграле 12 или 14 мечеви и не сте победиле ниту еднаш. И зашто воопшто да зборува за мене во својата книга? Книгата е нешто што треба да ве направи среќни, горди. Затоа комплетно ја разбирам ситуацијата“

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .