Венгер: Арсенал може да стигне до титулата со Артета

Големата легенда на Арсенал, Арсен Венгер верува во способностите на менаџерот на „топчиите“ Микел Артета. Клубот од Северен Лондон освои девет од можните 12 поени сезонава и моментално се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

„Верувам дека можат. Изгледа дека добро го контролираат тимот. Играчите го следат, со него се. Клубот добро пазараше, потрошија многу пари во последните две години. Искрено, ме изненади тоа. Артета има многу квалитетни играчи, можеме до титулата, зошто да не“, кажа Французинот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .