Веднаш проблеми за Мурињо: Еден од најдобрите фудбалери си заминува

Медиумите од Островот пишуваат дека Кристиан Ериксен ќе си замине од Тотнем. На Данецот му истекува договорот со „петлите“ па затоа клубот од Лондон е приморан да го продаде во зимскиот преоден рок за да може да заработи на него.

Според последните информации Ериксен ќе се пресели во редовите на долгогодишниот италијански шампион Јувентус. „Бјанконерите“ за офанзивниот фудбалер планираат да искешираат 25.000.000 евра, а оваа понуда ќе биде прифатена од Тотнем.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .