Вајс: Подготвени сме за Македонија

Селекторот на грузиската репрезентација Владимир Вајс пред утрешниот меч против Македонија изјави дека неговите избраници се подготвени и дека ја зане играта на македонската репрезентација.

„Се бориме за првото место во новото издание од Лигата на Нации, затоа утрешниот натпревар е важен. Ќе ни недостигаат неколку фудбалери, исто како и кај домаќините, но верувам дека ќе бидеме максимално подготвени, без разлика дали Македонија ќе стартува со четири или со три играчи во дефанзивната линија. Знаеме дека Македонците играат креативно, со многу додавања, но наша цел е да одиме на ЕВРО 2021, исто така и да го освоиме првото место во оваа нова Лига на Нации“, кажа Вајс.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .