Вајс го испофали Пандев: Фантастичен играч, импресиониран сум од него…

Селекторот на Грузија, Владимир Вајс беше полн со пофалби за капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Словакот беше импресиониран од напаѓачот на Џенова, а тоа го кажа и на пресот веднаш по натпреварот.

„Морам да кажам дека сум импресиониран од Пандев, како го одигра целиот натпревар, тоа е еден фанастичен играч за секоја пофалба, во негови години како игра, како ја брани топката, како ја движи… Многу важен играч за Македонија. Ќе видиме за еден месец како ќе го сопреме“, кажа Вајс.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .