Вајналдум: Стартот на Пикфорд беше глуп

Фудбалерот на англискиот првак Ливерпул, Жоржињо Вајналдум ја искоментира ситуацијата во дербито на Ливерпул против Евертон, кога голманот на „карамелите“ Џордан Пикфорд стартуваше жестоко и му нанесе тешка повреда на Вирџил ван Дајк.

„Сите и понатаму сме очајни поради тоа. Не е нормално. Тешко ни падна тоа што се случи. Мислам дека никој од нас не спиеше после тоа што му се случи на Вирџил, тимот тешко го поднесе тоа. Секако дема сме лути поради целата ситуација, начинот на кој Пикфорд стартуваше по мое мислење беше многу глуп“, Вајналдум.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .