Вашингтон не дозволи „метла“, на Јута и треба уште една победа (ВИДЕО)

Кошаркарите на Вашингтон Визардс стигнаа до првата победа во плејфот на НБА лигата, откако во „ДиСи центарот“ ја совладаа Филаделфија и така намалија на 1-3 (122:114).

Бредли Бил беше прв стрелец на натпреварот со 27 поени. Кај „волшебниците“ одличен беше и Хачимура кој мечот го заврши со дабл – дабл од 20 поени и 13 скокови, а луда партија имаше и Вестрбук со нов трибл – дабл (19 поени, 21 скокови и 14 асистенции). Кај гостите најдобар беше Харис со 21 поен и 13 скокови.

Во вториот натпревар одигран доцна синоќа, Јута Џез се ноѓа на чекор до пласман во полуфиналето, откако повторно славеа на гости кај Мемфис и така поведоа на 1-3 (113:120).

Донован Мичел беше прв стрелец со 30 поени, Кларксон запиша 24, додека Горберт 17. Кај Мемфис нормално, најдобар беше Џа Морант со дабл – дабл од 23 поени и 12 асистенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .