Вацке: Мислам дека знам каде ќе игра Халанд следната сезона

Генералниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким – Вацке за англиските медиуми изјави дека знае каде Ерлинг Халанд ќе игра во следната сезона.

„Сите ги интересира каде ќе игра Халанд после 1. септември. Мислам дека знам каде ќе игра, но тоа е се што можам да го кажам во моментов. Минатата година сите зборуваа дека Џејдон Санчо ќе се пресели во Манчестер јунајтед, но тој се уште е член на Борусија Дортмунд. Сега сите пишуваат дека Халанд ќе игра во Реал Мадрид“, кажа Вацке.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.