Васоски нема да го води Вардар во Струга

Македонскиот фудбалски шампион Вардар на гостувањето кај Струга ТЛ, нема да биде предводен од шефот на стручниот штаб Александар Васоски. Поради смртен случај во семејството популарниот „Тетовче“ нема да присуствува на мечот во Струга.

„Нашиот шеф на стручен штаб, Александар Васоски, нема да биде во можност да ја води екипата на денешниот меч со Струга поради смртта на неговиот татко. ФК Вардар изразува длабоко сочуство на Александар Васоски и неговото семејство во овие тешки моменти. Нека почива во мир!“, информираат од Вардар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .