Варди го сруши Арсенал во Лондон! (ВИДЕО)

Лестер сити повторно успеа да стигне до голема победа на гостувањата кај фаворитите во англиската Премиер Лига. „Лисиците“ во третото коло го упропастија Манчестер сити на „Етихад“ со 2-5, а сега во шестото коло го совладаа Арсенал во Лондон (0-1).

Победата на Лестер му ја донесе кој друг ако не Џејми Варди со голот со глава во 80. минута, само 20 минути подоцна откако влезе во игра. Арсенал е десетти со девет бода, додека Лестер е четврти со три поени повеќе.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .