Вардар несреќно ремизираше со Порто!

Се уште актуелниот европски првак Вардар не успеа да стигне до втората победа во низа во Лигата на шампионите, откако крајно несреќно со примен гол во последната секунда ремизираше на домашен терен против Порто (25-25).

Борко Ристовски го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата. Македонскиот репрезентативец мечот го заврши со дури 18 одбрани. На спротивната страна одличен беше Никола Митревски со 11 одбрани

Најдобар стрелец кај „црвено – црните“ беше Иван Чупиќ со седум голови, пет имаше Вујин, додека до три погодоци стигна Дибиров. Кај Порто најефикасен беше Итуриза со седум погодоци, додека Ареиа и Маглхаес имаа по пет.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .