Вардар испадна од Првата лига: Поразот кај Струга значи најголем срам во историјата на клубот!

Најголемиот македонски фудбалски клуб Вардар денеска го достигна своето дно откако со денешните резултати беше потврдено дека „црвено – црните“ за прв пат во својата историја испаднаа од Првата македонска фудбалска лига, а во следната сезона ќе играат во втората лига.

Пред денешното коло Вардар теоретски имаше шанса за спас, меѓутоа поразот кај Струга со 0-1 значеше крај, а најблискиот ривал Ренова избега на четири бода, на коло до крајот.

Вардар е шесткратен македонски првак и играше Лига на Европа пред неколку години. За жал, хаотичната сезона предизвикана од беспарицата го однесе клубот во втората лига.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .