Ракометарите на Вардар и во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите доживеа убедлив пораз, сега во Унгарија каде што изгуби со девет голови разлика од Веспрем (39-30).
Најдобри стрелци кај домаќините беа Шишкарев и Нилсон со по шест погоди, додека кај Вардар, Стоилов и Дибиров постигнаа по пет. Веспрем во четвртфиналето од елитното ракометно натпреварување ќе се судри со Кирил Лазаров и Нант.