Варан се сели во Манчестер јунајтед?

Веќе неколку месеци кружат шпекулации дека францускиот дефанзивец Рафаел Варан на крајот од сезоната ќе го напушти Реал од Мадрид.

Имено, „кралевите“ биле подготвени да го продадат Варан, а според англиските медиуми сериозен интерес за него покажал Манчестер јунајтед.

Информациите велат дека Реал ќе прифати понуда од околу 65.000.000 евра, но „ѓаволите“ нудат 50.000.000 евра. Останува да видиме дали ќе успеат да го наговорат Флорентино Перез да ја намали цената за Французинот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.