Варан не игра против Челси

Со огромни проблеми во одбраната се соочува тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Челси, откако беше потврдено дека Рафаел Варан нема да истрча на „Стемфорд бриџ“.

Францускиот репрезентативец почувствувал болка во мускулот и затоа беше заменет на полувремето од натпреварот против Осасуна, а деталните прегледи покажале дека ќе мора да паузира.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .