Ван Дајк се огласи: Ќе направам се за да се вратам што побрзо на теренот!

Лидерот на одбранта на англискиот првак Ливерпул, Вирџил ван Дајк се огласи за прв пат по тешката повреда која ја заработи во градското дерби против Евертон одиграно во саботата (2-2).

Потсетуваме, Ван Дајк го повреди десното колено после дуелот со голманот на „карамелите“ Џордан Пикфорд, а првите проценки се дека Холанѓанецот ќе отсуствува најмалку шест месеци.

„Одржав состанок со водечките луѓе кои ќе ми помогнат да се рехабилитирам и кои ќе ми го направат планот за опоравување. Сега максимално сум фокусиран на рехабилитацијата и ќе направам се што можам за да се вратам што побрзо на терените.

Иако сум разочаран, верувам дека и во тешките моменти лежи одлична шанса и со божја помош ќе се вратам на теренот подобар и посилен од колку што бев. Во фудбалот, како и во животот се се случува со причина. Најважно е да ја држите главата горе и со поддршка од семејството и Ливерпул подготовен сум за овој предизвик.

Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите за пораките за поддршка. Тоа ми значи, како и на моето семејство. Ќе направам се за да го подржам својот тим додека паузирам. Ќе се вратам!“, вели Ван Дајк.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .