Валверде: Барса зависи од Меси

Тренерот на моментално првопласираниот тим во Ла лига, Ернесто Валверде веднаш по вчерашното реми со Вилјареал (4-4), за шпанските медиуми изјави дека каталонскиот клуб зависи од Меси.

Стратегот на клубот од „Камп Ноу“ беше презадоволен од играта на Аргентинецот кој успеа да му донесе реми на „Ел Мадригал“ во последните моменти од натпреварот.

„Секако дека зависиме од Меси, тој е најдобриот фудбалер на светот. Сепак, свесни сме дека кога тој не е во составот мораме да играме на највисоко ниво“, кажа Шпанецот.

Тој исто така беше полн со пофалби за играта на Вилјареал.

„Тие се многу добар тим и ни направија многу проблеми. Мора да се подобриме и да бидеме спремни за следните натпревари од Ла Лига и ЛШ“, заврши Валверде.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .