Ваква мртва трка со години немало во Шпанија: Атлети, Реал и Барса – кој со кого игра до крајот?

Со години наназад немало ваква интересна трка во шпанската фудбалска лига, позната како Ла Лига. На пет кола до крајот табелата изгледа вака:

Атлетико Мадрид е прв со 73 бодови, Реал Мадрид е втор со 71 бод, колку што има и трето пласираната Барселона, која има и натпревар помалку, па доколку триумфира ќе се искачи на лидерската позиција и ќе има бод повеќе во однос на мадридските гиганти.

Дефинитивно ќе бидат супер – интересни последните мечеви, а ние ви претставуваме кој со кој игра до крајот на првенството:

АТЛЕТИКО МАДРИД: Елче (гости), Барселона (гости), Реал Сосиедад (дома), Осасуна (дома), Реал Ваљадолид (гости)

РЕАЛ МАДРИД: Осасуна (дома), Севиља (дома), Гранада (гости), Атлетик Билбао (гости), Виљареал (дома)

БАРСЕЛОНА: Гранада (дома), Валенсија (гости), Атлетико Мадрид (дома), Леванте (гости), Селта Виго (дома), Еибар (гости)

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .