Буфон уште еднаш докажа каква класа е

Еден од најголемите легенди на италијанскиот долгогодишен шампион Јувентус, Џанлуџи Буфон синоќа во победата на гостувањето кај Специја го запиша 651. настап во Серија А и така го поправи својот рекорд.

Колку голем е Буфон уште еднаш докажа синоќа кога при излегувањето на капитенот Леонардо Бонучи одби да ја превземе капитенската лента која му ја подаде на Хуан Куардадо затоа што Колумбиецот во моментов има поголем стаж без прекин во клубот од Торино.

Потсетуваме, популарниот Џиџи во сезоната 2018/19 го напушти Јуве и потпиша за ПСЖ, а една година подоцна се врати во својот клуб.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .