Легендата на италијанскиот фудбал, Џиџи Буфон за телевизијата „Bein Sport“ откри дека нема да остане во Јувентус и дека ја напушти „старата дама“ по завршувањето на сезоната.
Интересен е фактот што Буфон не откри дали ќе ја заврши богатата кариера, што остава простор да потпише за друг клуб. Популарниот Џиџи во Јувентус помина дури 19 години.