Бура во Англија: Саутгејт ептен ја утна со Рашфорд и Санчо, Грилиш веќе се побуни!

Англиските навивачи ќе мораат да уште да бидат трпеливи. Кога – тогаш нивната напорна работа и се што направија за фудбалот наназад ќе им се исплати, но тоа е вистината – уште не се подготвени за последниот чекор!

А, не е ниту селекторот, Герет Саутгејт. Поранешната легенда на „Гордиот албион“ тотално неискусно го сврти моментумот на страната на Италија во финалето на ЕВРО 2020, со воведувањето во игра на Рашфорд и Санчо во 118. минута.

Малкумина, или промил од фановите кои го гледаа финалето претпоставија што ќе се случи, а само вистинските познавачи претпоставија дека двајцата ќе го промашат пеналот – што и се случи!

Еден од најдобрите играчи на Англија на турнирот, првата ѕвезда на бирмингемска Астон вила, Џек Грилиш веќе се побуни до медиумите на Островот, дека сакал да шутира од белата точка и дека бил сигурен дека ќе погоди.

„Кажав дека сакам да шутирам! Селекторот донесе толку исправни одлуки во текот на турнирот, а истото го направи и во финалето. Но, нема да дозволам луѓето да зборуваат дека не сум сакал да шутирам пенал, кога кажав дека сакам“, нагласи Грилиш.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .