Будуќност не ја дава Подгорица: Звезда повторно поразена, „мајсторката“ во Белград ќе го донесе новиот првак!

Во нов драматичен натпревар во финалето од АБА Лигата, кошаркарите на Будуќност на домашен терен во Подгорица втор пат по ред ја совладаа Црвена звезда со што израмнија на 2-2 (81:80) и така финалната серија ја однесоа во петти, одлучивачки меч кој ќе се одигра во Белград.

Кај Црногорците најдобар беше Кобс со 21 поен, два скока и седум асистенции, додека поранешниот капитен на Звезда, Митровиќ беше втор најдобар кај домаќините со 13 поени и пет скокови.

Најефи на натпреварот беше Лојд со 23 поени, а пак Добриќ мечот го заврши со 13 поени и шест асистенции.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.