Бруно Акраповиќ ја „дрма“ Бугарија: Го напушта Локо Пловдив и седнува на клупата на ЦСКА од Софија!

Поранешниот тренер на тетовска Шкендија, Бруно Акраповиќ направи „земјотрес“ во соседна Бугарија, каде со голем успех го водеше Локомотив од Пловдив со кој успеа два пати да го освои Купот на Бугарија.

Босанскиот тренер го намачи и Жозе Мурињо во квалификациите за Лигата на Европа, а сега по се изгледа ќе стане нов тренер на ЦСКА од Софија која се пласираше во групната фаза од второто по квалитет европско фудбалско натпреварување.

Акраповиќ веќе ги известил челниците на Локо за својата одлука. По 12 кола во бугарската фудбалска лига, Лудогорец е лидер со 26 бодови, Локомотив има 23, додека ЦСКА има 21 бод.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .