Бруклин е „кралот“ на Њујорк: Ирвинг им покажа на Никси кој е број 1 тим во градот! (ВИДЕО)

Како никогаш претходно во историјата на спортот во Њујорк, има тензии помеѓу Њујорк Никс, највредната франшиза во НБА лигата и „помалиот“ Бруклин Нетс кој со засилувањата во имињата на Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, Кевин Дурант, Ламаркус Олдриџ и Блејк Гривин со право е сметан за еден од фаворитите за прстенот.

Двата тима веќе некое време се препукуваат преку социјалните мрежи, а големи се шансите двата тима да се судрат во плејофот, каде што Никси по пауза од осум години. Синоќа двата тима одиграа вистински дерби натпревар, во кој победата ја однесе Бруклин (114:112).

Нетси беа ослабени и играа без Кевин Дурант, Блејк Грифин, додека Џејмс Харден помина само четири минути на теренот. Кајри Ирвинг одигра МВП натпревар со 40 постигнати поени, додека кај Никси прв стрелец беше Барет со 22 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .