Британските медиуми тврдат: Гигс ја нападнал девојката затоа што сакала да го остави откако го фатила со друга

Медиумите на Островот продолжуваат да ги полнат страниците со скандалот кој го направи легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед Рајан Гигс.

Селекторот на Велс вчера порача дека не ја нападнал физички својата девојка Кејт Гравил, меѓутоа британските медиуми и понатаму тврдат дека Гигс бил насинел и дека поради тоа би приведен во полиција.

Во меѓувреме, популарниот „Daily Mail“ тврди дека Кејт сакала да го напушти Гигс откако го фатила со друга девојка и затоа одлучила да ги спакува работите и да ја напушти вилата.

Овој скандал има големо влијание на тренерската кариера на Гигс кој беше суспендиран од ФФ на Велс и нема да ја води оваа репрезентација во следните натпревари.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .