Брејк на МЗТ во Гевгелија: „Металците“ на чекор до титула на Еуро Никел му се заканува – „метла“!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се наоѓаат на една победа до новата шампионска титулата. Избраниците на Дарко Радуловиќ поведоа со 2-0 финалето од плејофот против Еуро Никел, кој по поразот од Скопје денеска загуби и на домашен терен (91:95).

Кавадарчани ја добија првата четвртина, додека во другите три подобар беше клубот Аеродром, но и покрај тоа, натпреварот беше неизвесен, но крајот „металците“ подобро се снајдоа и се наоѓаат на чекор до титулата.

Клучен играч за МЗТ дефинитивно беше Андреј Магдевски кој беше фантастичен во последната четвртина, решавајќи го натпреварот. Плејмејкерот мечот го заврши со 20 поени, додека два повеќе имаше Бојан Крстевски.

Убедливо прв стрелец беше хрватскиот центар Рикиќ кој мечот го заврши со дабл – дабл од 33 поени и 12 скокови.

Следниот трет натпревар се игра за две дена во „Јане Сандански“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .