Брестовац: Финците се добри, но цврста одбрана ќе стигне до позитивен резултат

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац пред утрешниот натпревар против Финска изјави дека не смее да биде потценет противникот затоа што се работи за квалитетна репрезентација.

„Тоа е она што секогаш го говорев, дека мора да обрнуваме внимание на младите бидејќи ќе дојде време кога нивната помош ќе ни биде неопходна.

Се уште имаме квалитетен тим за почетокот од новите квалификации, иако по најновите проблеми ќе мораме да направиме неколку рокади. Верувам дека со максимален пристап и мотивирана и цврста игра во одбраната можеме да стигнеме до позитивен резултат во дуелот со Финска.

Тие бележат евидентен напредок во играта на клупски и репрезентативен план, така да во ниеден момент несмееме да ги потцениме како состав. Имаат искусни и квалитетни ракометари во својот состав кои можат и знаат да одиграат добар ракомет“, кажа Брестовац.

Мечот се игра утре од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .